fbpx

Фатив шест мажи на дело на автопат: Водителката раскажа сè (ВИДЕО)

Од глетката ѝ се слошило

Ирската радиоводителка Памела Џојс во рамките на една емисија раскажа прилично бизарна анегдота за шест мажи во компромитирачка ситуација.

Како што вели, нема никогаш да го заборави патувањето од Даблин до Голвеј, откако налетала на дури шестмина мажи кои уринирале покрај патот.

Памела шеговито раскажува дека на 10 февруари нејзините „убави и безгрижни вибрации“ биле сериозно нарушени.

„На двоиполчасовното патување од Даблин до Голвеј, видов ни помалку ни повеќе, туку шест пениси. Шест! Зборувам за мажи кои уринираат покрај патот“, вели таа појаснувајќи дека не биле во прашање само силуети што ги гледа одзади, туку „шест пендреци кои се нишале на ветрот“.

Водителката додава дека е свесна оти понекогаш се случуваат итни случаи, но не може да поверува дека ги имало шест и нагласува дека во тој дел од земјата тоалети има на секои 15-20 минути возење.

Следни Објави

Сиромав љубовник, гледаше само да побегне: Скокна гол од прозорецот, па се искрши (ВИДЕО)

Случајни минувачи снимија се’, се подмочаа од смеа Изгледа дека овој Перуанец пред некој ден за Денот на вљубените дошол да посети туѓа жена, но сопругот го изненадил среде акција. За настанот информира локалната телевизија АТВ пренесувајќи дека несреќниот маж во даден момент дури и си го ризикувал животот додека […]