fbpx

Му ја отвори вратата од теретана, па се случи ХОРОР: Сите ја фалат поради овој потег (ВИДЕО)

Успеала да се одбрани и да повика полиција

Нашали Алма, 24-годишна бодибилдерка од Тампа, Флорида, добро се снајде откако една година постар маж се обиде да ја силува во теретана, јавуваат американските медиуми.

На 22 јануари, Алма вообичаено вежбала во салата на нејзиниот станбен блок кога го забележала Ксавиер Томас-Џонс како стои пред затворената врата. Препознавајќи го и мислејќи дека можеби ги заборавил клучевите, таа го пуштила да влезе и продолжила со вежбањето.

Томас-Џонс ѝ пришол само неколку минути подоцна, а неговите ужасни намери ѝ станале јасни веднаш штом почнал да ја допира.

Неколку секунди подоцна ја соборил на подот, но храбрата девојка успеала да ја задржи присебноста, се ослободила и истрчала во блискиот стан од каде повикала полиција.

Во полициската станица Томас-Џонс признал дека сакал да ја натера да бидат интимни, па сега е во притвор под обвинение за сексуален напад, кражба и киднапирање, јавува „Фокс њуз“.

Следни Објави

ТРАГЕДИЈА! Три млади момчиња загинаа, потресни пораки: Колку мајки треба да бидат завиени во црно..

Плачат сите, прогласен е Ден на жалост.. Тројца малолетници загинаа во тешка сообраќајка на автопатот Рожаје-Баќ кога возило слетало во коритото на реката Ибар. Едно лице е тешко повредено и лекарите се борат за неговиот живот во општата болница во Беране, јавуваат регионалните медиуми. Трагедијата се случила синоќа околу 22.30 […]