Случајни минувачи снимија се’, се подмочаа од смеа
Изгледа дека овој Перуанец пред некој ден за Денот на вљубените дошол да посети туѓа жена, но сопругот го изненадил среде акција.
За настанот информира локалната телевизија АТВ пренесувајќи дека несреќниот маж во даден момент дури и си го ризикувал животот додека среде бел ден бегал по авенијата Авиасион во Лима.
Случајни минувачи успеале да го снимат „Казанова“ како скока од прозорецот на хостелот, но сепак не успеале да сфатат чија сопруга ја милува.
„Иако никој не тргна да се пресметува со него, тој испаничен продолжи да трча, па се сопна од бодликава жица и падна на асфалтот. Стана и продолжил со својот спринт по улицата“, коментираат сведоците на овој бизарен настан.