Детето (12) кое денеска спасувачите заедно со уште две лица го извлекоа од урнатините 296 часа по катастрофалниот земјотрес, на пат кон болница им подлегнало на повредите.
Две постари лица и едно дете поминале 13 дена под урнатините, а спасувачите утрово успеале да стигнат до нив.
За жал, детето починало набргу откако било извлечено на безбедно.
Министерот за здравство Фахретин Коча изјави дека од урнатините е извлечена брачна двојка.
„Извлековме жена по име Рагда (45) и нејзиниот сопруг Мухамед (49). Тие беа под урнатините 296 часа и сега со хеликоптер се пренесени во болница во Адана. Општата состојба им е добра, а виталните знаци стабилни. И двајцата беа свесни“, изјави Коца.