fbpx

Трагедија! Почина познатиот пејач! Жика плаче, не може да поверува

Не стивнуваат реакциите во јавноста по смртта на Младен Видовиќ, поранешниот пејач на групата „Немогуќе вруќе“, кој загина во сообраќајка на 60-годишна возраст.

Споменатиот бенд е основан во 1987 година, а оваа група публиката често ја мешаше со тогаш популарниот состав „Ритам срца“, чиј член беше Жика Јакшиќ, водителот на шоуто „Никогаш не е доцна“.

Скршен од болка, тој открива детали за соработката и за дружењето со починатиот колега.

„Молам? Не можам да поверувам. Бевме две различни групи, многу популарни во тоа време. Имавме многу убава соработка и се сеќавам на некои заеднички патувања и анегдоти. Во тоа време го имавме хитот „Марија“. На луѓето им се допаднавме и со задоволство ги слушаа песните. Имавме одлична врска, но животот подоцна не раздели. Не знам што да кажам сега, ова ме затекна, во шок сум. Голема тага, не ми се верува“, изјави Јакшиќ за српски „Курир“.

Во меѓувреме се огласија и членовите на „Немогуќе вруќе“.

„Изненадени сме, навистина не’ шокира оваа вест.. Летај со ангелите, вечерва ќе свириме само за тебе“, напишаа тие на социјалните мрежи.

Следни Објави

Кому му е смешно силувањето? Жестоки реакции по интервјуто на Латас кај јутјуберот Лазаров

Во скорешното интервју на Латас кај некојси јутјубер Стефан Лазаров, гостинот лабаво раскажа како тој и негови другари на 15 години групно силувале девојка во автомобил Фичо која првин едниот од нив ја натепал. За емисијата со Латас , јутјуберот Лазаров ќе рече-ИСКИНАВМЕ! Да, ја искинавте последната надеж дека ова […]