fbpx

Лазаров го избриша видеото со Латас: Предмалку се огласи, еве што ѝ порача на јавноста!

Јутјуберот Стефан Лазаров го избриша подкастот со Драган Павловиќ-Латас кој сериозно ја вознемири македонската јавност.

Веднаш по острите реакции на граѓаните и на невладиниот сектор, за спорното интервју се огласија и од Министерството за внатрешни работи дека се превземени мерки за да се одреди дали има основ за понатамошно постапување.

„Видеото е тргнато. Се’ ќе ви биде објаснето вечерва. Фала ви на сите од срце што сте со мене во вакви моменти“, напиша пред неполн час Лазаров на својот инстаграм-профил.

Во кратко видео обраќање до неговите следбеници тој објаснува дека сакал да почека неколку дена и, како што вели, со ладна глава да се обрати, но бидејќи „работата отишла предалеку“ најави вечерно обраќање на неговиот канал за „да ни каже што и како мисли“.

Од сега веќе избришаното интервју, спорен е делот од разговорот каде поранешниот главен и огдоворен уредник на телевизија Сител зборува за своето прво сексуално искуство. Во неговите зборови многумина препознаа признание за наводно силување (обвинувањата ги имате ОВДЕ!).

Во меѓувреме јутјуберот Лазаров ја избриша својата објава на фејсбук-профилот со образложение дека нема да дозволи навреди и говор на омраза.

„Критики да, ама да ми посакувате да ми умре семејството нема да оставам да се чита“, напиша тој на „Инстаграм“.

Неговото обраќање во кое се правдаше, а подоцна го избриша го имате ОВДЕ!

Следни Објави

Вчера не беше битно да се бориме за правата на жените.. Лазаров со сериозни обвинувања

Јутјуберот Стефан Лазаров откако го избриша подкастот со Драган Павловиќ-Латас кој сериозно ја вознемири македонската јавност, предмалку се огласи со вонредно видео обраќање. Лазаров го почна излагањето со извинување, но и со обвинувања кон оние што мислат поинаку од него. Рече дека никогаш нема да ги заборави смртните закани кон […]