fbpx

Наташа му го промени животот: Пензионер (87) ја дозна долго чуваната тајна

Двајца одамна изгубени браќа кои немале поим дека другиот постои, конечно се сретнале на 87 и 85 години.

Приказната за Ален Свинбенк и Џон Робсон од Велика Британија сега ги заинтригира интернет корисниците. Свинбанк немал поим дека има помлад брат се’ додека не му се јавила жена која му рекла: „Мислам дека дедо ми е во роднинска врска со тебе“.

Наташа, внуката на неговиот полубрат Џон, во тој момент одлучила да ја истражува историјата на своето семејство.

Родителите на Ален се разделиле кога тој имал само шест месеци.

„Не разговаравме за татко ми, бидејќи мајка ми го мразеше. Потоа тој се појави на мојата врата кога имав 26 години. Научив нешто за него, но тој никогаш не спомна дека имам брат“, објаснува Ален за „Мирор“.

Џон бил израснат во Бридлингтон од неговиот дедо и од тетките. Му кажале дека татко му загинал во војната. Но, тој всушност починал во 1980 година.

Џон сега живее во гратчето Фрајзбург. По неочекуван телефонски разговор со внукот на Џон, двајцата браќа се сретнале на почетокот на месецов во Јоркшир. Се разбира, и двајцата биле преплавени со емоции.

Џон бил пријатно изненаден кога сфатил дека Ален премногу наликува на нивниот татко.

„Неверојатно е колку јас и брат ми ги имаме цртите на лицето на татко ми и колку си личиме. Сосетката на Ален ме праша дали сум негов брат и ми рече: „Мислев дека си, личиш на него“, објаснувајќи дека ист ни е одот“, дополнува тој.

Инаку, таткото на Џон и Ален, Џон Спенс-Свинбенк, починал на 68-годишна возраст.

Следни Објави

Лазаров го избриша видеото со Латас: Предмалку се огласи, еве што ѝ порача на јавноста!

Јутјуберот Стефан Лазаров го избриша подкастот со Драган Павловиќ-Латас кој сериозно ја вознемири македонската јавност. Веднаш по острите реакции на граѓаните и на невладиниот сектор, за спорното интервју се огласија и од Министерството за внатрешни работи дека се превземени мерки за да се одреди дали има основ за понатамошно постапување. […]