fbpx

Вчера не беше битно да се бориме за правата на жените.. Лазаров со сериозни обвинувања

Јутјуберот Стефан Лазаров откако го избриша подкастот со Драган Павловиќ-Латас кој сериозно ја вознемири македонската јавност, предмалку се огласи со вонредно видео обраќање.

Лазаров го почна излагањето со извинување, но и со обвинувања кон оние што мислат поинаку од него. Рече дека никогаш нема да ги заборави смртните закани кон него и неговата мајка и дека ќе се бори ова „да го избутка до крај“.

„Сакам да ви се извинам за тоа што го чувте во подкастот, а јас како домаќин или водител дозволив тоа да се емитува. Дали станува збор за силување или не, тоа ќе го оставам на вас, меѓутоа сакам да се извинам оти се добива една лажна слика дека кај мене се промовираат такви работи. Прво е жално што во оваа ситуација се гледа дека има сериозна позадина и станува збор за една сериозна оркестрирана хајка. Од едно мое смеење од десет секунди на анегдота кажана да ме правите насилник, да ме правите силувач, да ме правите дека сум човек кој промовира вакви работи на социјални мрежи е бедно“, вели Лазаров.

Лазаров го избриша видеото со Латас: Предмалку се огласи, еве што ѝ порача на јавноста!

„Во оваа ситуација се гледа и само сакам да ве замолам да размислите како е возможно вторник да е објавено видеото и до недела да не се случи ништо. Туку да се чека недела, ден во кој што сме сите дома, позадината на луѓето кои што го објавија ова први и како го објавија и на кој начин го споделија и кои институции први се јавија во ова, да процените зошто е до овој степен. Не ми е поентата во ова видео јас да напаѓам, во ниту еден случај, меѓутоа е жално како функционира оваа држава и е жално што се вадат од контекст работи. Многу луѓе не го изгледаа до крај и не ја изгледаа целата ситуација и си формираа став и мислење на тоа што им беше пласирано. Во рок од еден ден, ситуацијата отиде на вести, денеска е главна дебатна тема и стигна до обвинителство. И денеска ме правите насилник и силувач поради тоа што Стефан се насмеал на некоја ситуација“, коментира младиот јутјубер.

Лошо произведена „машкост“: Сузана има важна порака до Латас и до Лазаров

Во панатамошното излагање Лазаров нагласува дека со „вакви“ работи се сокриваат вистинските проблеми во нашето општество. Тој понатаму забележува дека неговото име се користи во валкани политички игри.

„Вчера не беше битно да се бориме за правата на жените, туку беше битно да се уништи Стефан“, обвинува Лазаров.

Кому му е смешно силувањето? Жестоки реакции по интервјуто на Латас кај јутјуберот Лазаров

Вели дека е страшно и болно што му посакуваат гаснење на каналот и повлекување на спонзорите. Призна дека во овој момент нема ниту еден спонзор, но, како што вели, дека се слушнал со нив, се објасниле под каков притисок се..

Ј.П.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

ТАГА! Почина младиот популарен актер, семејството ја потврди страшната вест

Младиот актер Јансен Панетиер почина во Њујорк на 28-годишна возраст. Веста за смртта ја соопштија членовите на семејството, пренесува „ТМЗ“. Причината за прераната смрт се’ уште е непозната за јавноста. Како што е наведено, Јансен го поминал викендот во Њујорк кога ненадејно пристигнала шокантната вест за неговата смрт. Инаку, младиот […]