fbpx

Македонскиот пејач проговори за туморот: Само Господ знае зошто ни дава искушенија

Македонскиот поп-пејач Давид Темелков кој се прослави во регионалното музичко шоу „Икс фактор“ на почетокот на минатата година се соочил со вистински пекол, откако веднаш по Нова година дознал дека на десната нога, во паронеалниот нерв кој ја движи ногата, има тумор со големина од 5.7 сантиметри.

„Оваа сторија ја пишувам со насмевка на лицето и не мислев да ја споделам јавно.. Не знам зошто, но можеби некому ќе биде охрабрување, баш такво какво што на мене ми требаше пред една година!“, ја почнува Темелков својата исповед на „Инстаграм“.

Докторот кој го прегледал јасно му дал до знаење дека ситуацијата е сериозна и дека постои можност од 98% за инвалидитет на десното стопало и дека ќе остане неподвижно и нема да има функција.. Дека тој ќе даде сè од себе за да спаси што може, но дека е видливо како туморот веќе го има оштетено нервот.

„Нема да кажам дека таа информација не ме погоди.. Ме погоди! Но, во првите 10 минути.. Седнав во кола и почувствував како телото ми гори.. Не знаев како да им го соопштам тоа на најблиските.. По кратка тишина, на глас си реков: „Господе, сè е во Твои раце.. Ако е ова Твоја Воља, достојно ќе ја понесам.. ќе пеам на штаки, во количка, ќе седам на работ на бината и ќе пеам да те прославам колку ме држи глас! Сум победил многу битки, спремен сум и за оваа!“. До денот на операцијата не дозволив да ме изеде психата, напротив.. Се радував на секој нов ден и на сите нови обврски, на секој тренинг, на секој концерт.. Фокусот ми беше остар! И гледај Чудо.. Операцијата помина одлично!!! Стопалото се’ уште не е на 100%, ама духот е! Само Господ знае зошто ни дава искушенија и Фала Му за сè!“, раскажува Давид кој живее на релација Скопје-Загреб и гради успешна кариера во Хрватска и во регионот.

Давид со Тони Цетински

Темелков заблагодарувајќи му се на докторот порачува дека животот е чудо.

„Сите имаме воздигнувања и падови, но кога ќе паднеме најважно е да станеме и да продолжиме Не се откажувајте од вербата.. Верувајте! Верувајте во Добро, верувајте во чуда.. Верувајте во Љубов.. и да бидеме благодарни! Благодарни на Бога за сè што имаме и немаме!“, завршува тој.


Следни Објави

Си одбра фустан за погребот, но не се откажа: Вака Шенон Доерти ја победи болеста!

Шенон Доерти, поранешната ѕвезда од хит-серијата „Беверли хилс“, во 2020 година ја откри лошата вест дека повторно ѝ се вратил ракот на дојка и тоа во уште посилен, четврт стадиум. Светските медиуми тогаш пренесоа како легендарната Бренда се помирила со фактот дека овојпат нема да успее да ја победи болеста […]