fbpx

Почивај во мир! Македонија тагува, сите се простуваат (ФОТО)

Не стивнуваат реакциите во јавноста по смртта на Емил Илиќ, мaкедонски каратист, но и голем хуманист.

На Македонија ѝ донесе многу победи, ја претставуваше нашата земја достоинствено ширум светот и беше добитник на бројни награди и признанија.

Во 2016-та година познатиот спортист, хуманист и светски рекордер Емил Илиќ, придружуван од тројца млади маратонци, го заврши пешачкиот маратон во должина од 268 километри, што се реализираше по повод 25-годишниот јубилеј од независноста на Република Македонија.

Емил Илиќ во 2007-ма година се стекна со титулата светски рекордер во пешачки маратон, што му ја издаде Академијата за светски рекордери од Лондон, Велика Британија.

Беше познат и по тоа што е првиот човек кој со тренерки и македонско знаме влегол во зградата на НАТО. Во Рим, пак, оствари средба со Папата Франциск.

Слава му!

Следни Објави

Средства ќе им бидат префрлени на ОВИЕ македонските граѓани! Проверете ги сметките на 27 февруари

Задолжен е Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24.02.2023 година, а е препорачано деловните банки да обезбедат на пензионерите да може да располагаат со февруарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.02.2023 […]