fbpx

Си одбра фустан за погребот, но не се откажа: Вака Шенон Доерти ја победи болеста!

Шенон Доерти, поранешната ѕвезда од хит-серијата „Беверли хилс“, во 2020 година ја откри лошата вест дека повторно ѝ се вратил ракот на дојка и тоа во уште посилен, четврт стадиум.

Светските медиуми тогаш пренесоа како легендарната Бренда се помирила со фактот дека овојпат нема да успее да ја победи болеста и дека се подготвува за сопствената смрт. Таа дури тврдеше дека си одбрала и фустан за своето вечно почивалиште.

Сепак, магазинот National Enquirer им даде мала доза надеж на нејзините фанови со натпис во кој наведува дека Шенон не се помирила со најлошото, туку дека очајнички се обидувала во тоа време да пронајде алтернатива, „чудотворен“ лек кој ќе ѝ го спаси животот.

Извор близок до актерката открива дека Шенон се свртела кон алтернативната медицина, конкретно кон кинеската. Не се откажала од традиционалните западни методи на лекување, но се обидувала да пронајде лек на природна база кој ќе може да ја спаси, бидејќи хемотерапијата не ѝ помогна.

„Посетува повеќе специјалисти од областа на алтернативната медицина дури се’ уште има сила да го прави тоа. Оди на акупунктура и пие мешавина од разни необични и лековити билки кои наводно го успоруваат ширењето на канцерогените ќелии“, откри истиот извор.

И покрај сите премрежја, славната Бренда продолжи да се бори како лавица која се однесува како ништо да не се случува. Минатата година таа се појави во емисијата „Добро утро Америка“ каде со својот оптимистички став изненади многумина.

„Не сакам да се однесувам како да умирам. Сакам да работам и да се однесувам како ништо да не се случува бидејќи ќе се борам да останам жива”, изјави Шенон во таа прилика.

Актерката е класичен пример дека не треба никогаш да се откажувате, дури и кога ви е најтешко во животот.

Следни Објави

Ја удрил со чекан, ја избодел, па ја удавил: Шокантни детали за злосторството на уапсениот малолетник

Полицијата конечно го лоцира и го уапси Љ.Б. (16) во Техничкото училиште во Бачка Топола, откако од својот мобилен телефон му се јавил на пријател. Малолетното момче е осомничено дека во селото Милошево ја убил С.М. (65), негова роднина. Според првичните сознанија, несреќната жена прво ја удрил со чекан, а […]