fbpx

Д-р Чибишев со остар коментар за трагедијата во Прилеп: Жално е во 21 век да ти почине жена од бактерија која ја има само во книгите

Не стивнуваат реакциите во јавноста откако жена почина од сепса во прилепската болница по извршена операција при која во организмот и навлегла опасна бактерија.

За трагедијата се огласи и д-р Андон Чибишев од скопска Токсикологија.

„Во 21 век, во регионална болница на еден од поголемите урбани центри во Македонија, да ти се случи интрахоспитална инфекција со бактерија која сме ја среќавале само во нашите книги и тоа напишана со мали букви и при тоа заради ваквиот недозволен пропуст да ти почине млада жена (51 година) е повеќе од жално, трагично, нестручно, непрофесионално. Под итно да се испита случајот и да се казнат одговорните. Сочуство до семејството на починатата. Господ нека ја прости!“, напиша д-р Чибишев на „Фејсбук“.

Пациентката пред четири дена починала во Скопје. Станува збор за 52-годишна жена врз која била извршена полесна, рутинска хирурушка интервенција на Гинеколошкото одделение. Зафатот поминал без проблеми, немало крварење, но наместо да се опоравува, пациентката набрзо паднала во кома, по што ургентно била префрлена во Скопје каде што и починала.

„Стручна комисија допрва треба да утврди за каков вид бактерија станува збор. Ќе треба да се почекаат и резултати од обдукцијата на починатата жена. Дотогаш, не би шпекулирале ништо. Неитните операции ќе се одложат, а додека итните ќе се прават во болниците во соседните градови“, кратко одговориле од Болницата.

Следни Објави

Се омажи на 18, и двата партнера ѝ починаа: Вики Среброва сподели тажна приказна

Познатата пејачка и водителка проговори за тешкото минато Таа ја има титулата најубава насмевка во Југославија од 1972 година. Носителка е на титулата „Мавровска убавица“ и прва придружничка на „Мис Југославија“. Пејачка и водителка, а денес гордо ја носи титулата баба на пет внучиња. Вака Вики Среброва беше најавена во […]