На 63-годишна возраст во Битола ненадејно почина Марија Мима Герас-Дочовска, соопшти нејзиното семејство.
По вокација правник, но нејзините сограѓани ја паметат и како раководител на проектот „Еврејски гробишта-Битола“ и здружението „АХАМ“ кои во последните години воспоставија и реализираа голем број проекти со Израел.
Герас-Дочовска беше дел приказната за Евреите од Битола, дел од проектот за чистење на Еврејските гробишта во Битола и нивно ревитализирање како и документирање на најстарите Еврејски гробишта на Балканот, иницијативата за старт-апи, дел од тимот кој се залагаше за поставувањето на сончевиот часовник во Еврејските гробишта, преименувањето на Здравствениот дом, Маршот на живите, како и многу други настани, но и донации, пишува „Битола њуз“.
Мима Герас-Дочовска беше дел од проектите за туристички развој на Битола, а беше и промотор на книги и други изданија.