fbpx

„Само малку ја тепав оти плачеше“: Монструозни зборови на очувот кој до смрт претепа девојче (2)

Очувот М.Н од Власотинце кој е уапсен под сомнение дека до смрт ја претепал својата двегодишна поќерка во стан во Зајечар, на почетокот не кажувал ништо и не одговарал на прашања од полицијата, неофицијално дознава „Курир“.

„Тој и неговата невенчана сопруга ќе бидат сослушани во наредните 48 часа колку што им е одреден притворот. За време на апсењето, мајката на девојчето ужасно плачела додека очувот молчел. Во полиција постојано го прашувале: „Зошто го направи тоа човеку?!“ Дури по долго молчење, само тивко одговорил: „Плачеше. Секогаш се нервирав кога плачеше. Не ја тепав многу“, дознава Курир од извор близок до истрагата.

Мајката се терети дека знаела за тепањето и дека гледала како невенчаниот сопруг во повеќе наврати ја удира нејзината ќерка. За жал, таа никогаш не го пријавила насилството.

И мајката и очувот се во притвор. Истрагата е во тек, сослушани се и соседите и роднините..

Инаку, кога го донеле девојчето во Детското одделение во Заечарската болница, лекарите веднаш увиделе дека се работи за тешки повреди. Тие се обиделе да го реанимираат девојчето и истовремено повикале брза помош за детето итно да се пренесе во Ниш. За жал, немало потреба од тоа.

Следни Објави

„Сања, те сакам“: Марко ги помеша девојката и љубовницата кога им испрати ист подарок, ВАКА се правда!

Благодарение на неколку млади инфлуенсери, букетите со мечиња неодамна добија голема популарност, па декораторите сега имаат полни раце работа. На интернет се појави видео во кое една сопственичка на цвеќарница детално опишува крајно смешна невообичаена ситуација. Едно момче нарачало два идентични персонализирани букети со плишани мечиња. Една посвета за девојката […]