fbpx

„Сања, те сакам“: Марко ги помеша девојката и љубовницата кога им испрати ист подарок, ВАКА се правда!

Благодарение на неколку млади инфлуенсери, букетите со мечиња неодамна добија голема популарност, па декораторите сега имаат полни раце работа.

На интернет се појави видео во кое една сопственичка на цвеќарница детално опишува крајно смешна невообичаена ситуација.

Едно момче нарачало два идентични персонализирани букети со плишани мечиња. Една посвета за девојката и една за љубовницата. На едниот букет пишувало „Сања, те сакам“, а на другиот „Те сакам засекогаш, Ана“. За работите да бидат поинтересни, на крајот од посветата си го напишал и името (Марко), а потоа настанал вистински хаос.

Декораторката во видеото објаснува дека несреќниот „мачо“ им ги помешал адресите. Сања добила букет со посветата наменета за Ана, додека Ана го добила букетот на Сања.

Бидејќи не можел да објасни што се случило, Марко одлучил да стапи во контакт со неа и да ја замоли за услуга.

„Сакаше да кажеме дека сме згрешиле и дека сме испратиле две тотално погрешни нарачки, како и дека „случајно и двете момчиња имаат исто име“.

Видеото е објавено со прашањето: „Што би направиле вие?“, под кое се нижат различни коментари. „Вистината, само вистината до крај“, „Би му помогнал на дечкото, муштеријата е секогаш во право“, „Е сега и двајцата ја дознаа вистината“, „Наплати му дупло штом те тера да лажеш“ се само дел од многуте забелешки.

Следни Објави

Д-р Чибишев со остар коментар за трагедијата во Прилеп: Жално е во 21 век да ти почине жена од бактерија која ја има само во книгите

Не стивнуваат реакциите во јавноста откако жена почина од сепса во прилепската болница по извршена операција при која во организмот и навлегла опасна бактерија. За трагедијата се огласи и д-р Андон Чибишев од скопска Токсикологија. „Во 21 век, во регионална болница на еден од поголемите урбани центри во Македонија, да […]