fbpx

Се омажи на 18, и двата партнера ѝ починаа: Вики Среброва сподели тажна приказна

Познатата пејачка и водителка проговори за тешкото минато

Таа ја има титулата најубава насмевка во Југославија од 1972 година. Носителка е на титулата „Мавровска убавица“ и прва придружничка на „Мис Југославија“. Пејачка и водителка, а денес гордо ја носи титулата баба на пет внучиња. Вака Вики Среброва беше најавена во последната епизода од шоуто „Нешто конкретно“ кое се емитува на Телма.

А, токму во оваа емисија таа сподели интересни моменти од нејзиниот живот зборувајќи за сите предрасуди во ова наше општество со кои се соочила, се разбира како што само таа тоа го умее-низ насмевка. Наместо поддршка, во најтешките периоди се соочувала со потсмев и осуда.

„Јас не го изгубив само таткото на моите деца, јас го изгубив и вториот партнер. Но, за жал, тоа се случуваше после разводите, а не како што пишуваа таблоидите дека јас сум ги умрела. Замислете кој проблем го имам сега.. Ете двајца умрела, сега и третиот сака.. Затоа сум малку повлечена и се насочив кон моите деца.. Дај Боже да се појави и третиот.. може ќе биде среќен, може нема да умре.. Од кај знаеш, трета среќа“, во свој стил се пошегува Среброва.

Дека навистина ѝ треба нов маж во животот се согласија и останатите гостинки во студиото, а Вики откри дека тоа ѝ го посакувале и нејзините деца.

„Ми треба партнер, сега на овие години најмногу ми треба друштво“, порача таа.

Следни Објави

Ненадејно почина, се огласи семејството: Почивај во мир, Марија!

На 63-годишна возраст во Битола ненадејно почина Марија Мима Герас-Дочовска, соопшти нејзиното семејство. По вокација правник, но нејзините сограѓани ја паметат и како раководител на проектот „Еврејски гробишта-Битола“ и здружението „АХАМ“ кои во последните години воспоставија и реализираа голем број проекти со Израел. Герас-Дочовска беше дел приказната за Евреите од […]