fbpx

Го дала маж ѝ на посвојување поради кучето: Се појави урнебесен оглас! (ФОТО)

„Знае да готви, прилично е згоден“

Урнебесен оглас на жена која си го дала сопругот „на посвојување“ деновиве стана вирален.

Проблемот настанал кога му купила кученце, германски овчар, во обид да го изненади и израдува. Меѓутоа, се испоставило дека тој е алергичен, па таа го направила единствениот логичен избор-го понудила на други жени.

Во Индија се појави необичен оглас со наслов: „Итно ми треба дом“. Во пораката се наведува дека жената по име Сонали купила германски овчар за околу 350 евра, но потоа решила да се откаже од сопругот бидејќи е алергичен на кучиња. Пријател на Сонали го објави како шега.

„Ако некој е заинтересиран, ова е Лео, двомесечен германски овчар. Мојата пријателка Сонали го купи за 20.000 рупии. Сакала да биде подарок изненадување за нејзиниот сопруг. Но, дознала дека Гурав е алергичен на кучиња. Сонали сега бара нов дом за него. Ако некој е заинтересиран, Гурав има 29 години, вози велосипед, знае да готви, има остри црти на лицето и е прилично згоден“, пишува во огласот.

Со огласот е објавена фотографија од кученцето, но не и од несреќниот Гурав.

Илустрација: Шатерсток

Следни Објави

Трагедија во „Ѕвездите на Гранд“: Ѝ почина детето, а сега се соочи со нова загуба

Проштални зборови од кои ќе ви пукне срцето Поранешната учесничка на „Ѕвезда Гранда“, Билјана Сулимановиќ, поминува низ тежок и тажен период. Пејачката им откри на фановите дека починала нејзината баба за која била исклучително приврзана. Скршена од болка, таа со емотивни зборови се прости од неа. „Те сакам и ќе […]