fbpx

Му рекла дека е „геј“, истиот миг ја нокаутирал: Се појави страшна снимка од супермаркет

Полуден муштерија фрлил количка за пазарење во главата на една жена во редот на касата на супермаркет во Бразил, со што ја нокаутирал.

Рожерио Сантос да Силва (36) е снимен на 16 февруари како лежерно крева голема метална количка и брутално напаѓа жена во општината Санто Антонио до Дескоберто.

45-годишната жртва, која сакаше да остане анонимна, не очекувала некој да ѝ фрли количка во глава, па била удрена од страна додека одела кон касата.

Иако жртвата изгубила свест и била изнесена надвор во инвалидска количка, таа за чудо не се здобила со сериозни повреди, пишува бразилскиот портал „Г1“.

Жената подоцна за медиумите изјавила дека не го познава Рожерио и не го ни погледнала пред да ја нападне. Тој исто така вели дека не му било важно колку силно можел да ја повреди.

Напаѓачот е приведен, а тој во полиција изјавил дека жената го малтретирала и му кажала дека е „геј“, што таа остро негирала.

„Почна да лаже велејќи дека сум го пцуела, за да го оправда неговото насилство, а ништо не му направив“, рекла жената.

Со неа во тој момент бил и нејзиниот сопруг.

„Немало расправија или нешто слично. Се случи само она што е на видеото. Не размениле ни збор“, им изјави тој на медиумите.

Сопругот исто така тврди дека по немилосрдниот напад Сантос да Силва извикал: „Ова е лекција за тебе, престанете да ме бркате!“

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Напаѓачот добил само кривична пријава за нанесување полесна телесна повреда и веднаш бил пуштен да се брани од слобода, откако дал изјава во полиција. Нему му се заканува максимална казна од две години, но можно е да се извлече и само со парична казна.

Инаку, Сантос да Силва ѝ е познат на полицијата од 2021 година, бидејќи тогаш беше обвинет прво за семејно насилство, а потоа за обид за убиство. Како што дознава „Г1“, против него во судот се покренати вкупно седум предмети, од кои ниту еден не е завршен.

Следни Објави

Го дала маж ѝ на посвојување поради кучето: Се појави урнебесен оглас! (ФОТО)

„Знае да готви, прилично е згоден“ Урнебесен оглас на жена која си го дала сопругот „на посвојување“ деновиве стана вирален. Проблемот настанал кога му купила кученце, германски овчар, во обид да го изненади и израдува. Меѓутоа, се испоставило дека тој е алергичен, па таа го направила единствениот логичен избор-го понудила […]