fbpx

Претседателот објави СТРАШНА фотографија од шума: Мисли дека тоа може да значи само едно (ФОТО)

Претседателот на Мексико на Твитер сподели фотографија за која тврди дека е доказ за постоењето на митски шумски дух сличен на џуџињата од европската митологија.

Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор се чини дека е сериозен во анализата на фотографијата направена од инженер. Судејќи според тоа што го напишал, тој верува дека тоа е „алукс“-палав шумски дух од фолклорот на Маите.

„Споделив две фотографии направени за време на надзорот на работите на железницата на Маите: едната, направена од инженер пред три дена, која се чини дека е алукс, а другата, на Диего Прието со одлична предхиспанска скулптура во Ек. Балам. Сето ова е мистично“, напиша Лопез Обрадор, кој е на чело на Мексико од 2018 година.

Според традиционалното верување на Маите, „алуките“ се мали, палави суштества кои живеат во шуми и полиња.

На фотографијата, која е направена ноќе, се гледа дрво со гранка што формира нешто што личи на ореол или коса и со „очи“ во средината, кои можеби се ѕвезди.

Инаку, Лопез Обрадор за време на неговиот мандат посвети многу внимание на почитувањето на домородните култури и верувања.

Инженерите и работниците на полуостровот Јукатан градат туристичка железница за разгледување на пејзажот и спомениците на древната цивилизација на Маите и овој проект му е особено драг на претседателот.

Традицијата и наследството на Маите се сфаќаат многу сериозно во Мексико, а особено едно од седумте светски чуда-Чичен Ица.

Следни Објави

Проговори мајката на ученикот од „Корчагин“ кој се самоуби: Потресно сведочење, детето ѝ трпело вистинска тортура

Празнина голема во душата и срцето на мајка што го изгубила највредното нешто во животот, свото дете. 179 дена од смртта на мојот син. Тага, болка и неверување дека повеќе го нема. Отиде да го земе свидетелството и не се врати. Инспектори, Обвинители! Детето остави Проштално писмо каде напиша Кој […]