fbpx

Ученик тежок 120 кила брутално ја претепа професорката: Причината е страшна (ВИДЕО)

Вознемирувачкото видео кое се појави на социјалните мрежи прикажува како тинејџер од Флорида брутално тепа наставничка, откако таа му ја конфискувала конзолата за видео-играта Nintendo Switch за време на часот.

На видеото се гледа како бесното 17-годишно момче трча кон учителката која го забележува напаѓачот на дел од секундата пред да биде турната на подот.

Ученикот тежок 120 килограми потоа неконтролирано ја удира и гази професорката во средното училиште Матанзас во Палм Коуст.

Неколку други вработени кои сега ќе бидат и клучни сведоци на бруталниот напад, истрчуваат да го одвлечат насилникот..

Наставничката е итно пренесена во локалната болница. Се очекува таа да се опорави од повредите.

Посебно видео објавено од канцеларијата на шерифот на округот Флаглер покажува дека напаѓачот е врзан со лисици во училницата во средното училиште Матанзас.

„Ученикот ни изјави дека се вознемирил откако му го одзеле уредот за видео-игри за време на часовите“, соопшти полицијата.

Бесниот ученик им порачал на полицајците дека ќе ја „убие“ наставничката кога ќе се врати на училиште. Тој веќе е предаден на Одделот за малолетничка правда и обвинет за напад.

Следни Објави

Претседателот објави СТРАШНА фотографија од шума: Мисли дека тоа може да значи само едно (ФОТО)

Претседателот на Мексико на Твитер сподели фотографија за која тврди дека е доказ за постоењето на митски шумски дух сличен на џуџињата од европската митологија. Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор се чини дека е сериозен во анализата на фотографијата направена од инженер. Судејќи според тоа што го напишал, тој верува […]