fbpx

Балкански политичар се појави ГОЛ на состанок: Му велат да ја исклучи камерата, неговата реакција е хит (ВИДЕО)

Романскиот политичар и пратеник на социјалдемократите (ПСД), Алберто-Јосиф Карајан, се појави целосно гол пред камерата на својот лаптоп за време на онлајн-состанок.

На видеото се гледа кога се појавува во кадарот „како од мајка роден“, а претседателката не може да ја задржи насмевката.

„Алберто, исклучи ја камерата“, се слуша глас во салата, по што Карајан се објаснува:

„Не можам да ја исклучам, многу ми е жал, настинат сум и не знам како да ја исклучам“.

Конкретната врска за видео-конференцијата што ја користел подразбира автоматско активирање на камерата кога микрофонот е вклучен.

„Технологијата ме изигра. За жал, ја платив цената на брзањето! Навистина ми е жал за немилата случка“, се извини тој на „Фејсбук“.

Видеото преку ноќ стана вирално. Коментарите за овој инцидент се поделени. Додека едни критикуваат, други коментираат дека слатко се изнасмеале и дека не гледаат ништо лошо во тоа.

Следни Објави

Велат дека е вистинска Пепелашка, од обична новинарка стана кралица: Овој момент ѝ го промени целиот живот

Модерното време донесе некои извикани љубовни приказни кои претходно не можеа да се замислат. Таква неверојатна е и приказна на шпанскиот принц, денес крал, Фелипе со поранешната новинарка Летиција Ортиз. Фелипе растел во ракош и луксуз знаејќи дека еден ден ќе ја наследи семејната круна, а Летиција потекнува од просечно […]