fbpx

„Спиев со најпознатите пејачки, многу од нив се проститутки“: Маријан со шокантна исповед, естрадата во паника

Последниве неколку дена владеат вистински хаос и паника на српската естрада, а тоа е поради еден човек-Маријан Шариќ.

Како што дознава „Курир Старс“, многу познати пејачки се плашат дека познатиот хрватски бизнисмен ќе отвори уста и јавно ќе проговори за тоа со која од нив своевремено бил во с*кс-шема, но и кои ги финансирал со години.

Шариќ, кој на јавноста ѝ стана познат откако изнесе низа скандалозни тврдења за старлетата и победничка на „Задруга 3“, Ива Гргуриќ, бил интимен со многу пејачки, откако тие пееле кај него во една од најпознатите хрватски дискотеки.

„Маријан планира да раскаже се’ за неговите афери со пејачките кои настапувале во неговиот клуб и кои ги финансирал со години. Многу од тие пејачки завршија во кревет со него, бидејќи се знае дека тој е еден од најбогатите и најпознатите бизнисмени не само во Хрватска, туку и во регионот. За тоа се свесни и тие, па изминативе денови се под силен стрес и се надеваат дека тој ќе молчи и нема да ги открие нивните имиња. Тоа би било скандал од невидени размери, многу од овие жени се мажени и во јавноста се претставуваат како фини и чесни“, тврди близок пријател на Шариќ.

Марјан ги потврди овие информации, но вели дека се’ уште не е време да ги именува пејачките.

„Вакви дами од српската естрада има многу, колку сакате. Многумина од нив се занимаваат со најстариот занает, а предниот дел им се музиката и настапите. Со нив не бев само јас, туку и многу мои добри пријатели. Вклучени се некои од најголемите имиња. Сега нема да кажам ништо за тоа, јас сум господин, но ако ме изнервираат, јавно ќе ги кажам нивните имиња. Имам докази за се’“, вели Маријан.

Следни Објави

ТАГА! Сите се збогуваат со Светлана, почина во големи маки

Почина Светлана Гудуриќ, 45-годишната жена која со својата животна приказна го обедини цел регион и за која се собираа донации. Во 2011 година ѝ беше дијагностицирана мултиплекс склероза, а последните три години не можеше да се движи самостојно. „Невозможно беше да се оперира во татковината, па се собираа средства за […]