fbpx

Велат дека е вистинска Пепелашка, од обична новинарка стана кралица: Овој момент ѝ го промени целиот живот

Модерното време донесе некои извикани љубовни приказни кои претходно не можеа да се замислат. Таква неверојатна е и приказна на шпанскиот принц, денес крал, Фелипе со поранешната новинарка Летиција Ортиз.

Фелипе растел во ракош и луксуз знаејќи дека еден ден ќе ја наследи семејната круна, а Летиција потекнува од просечно семејство.

Сѐ до преминувањето од „другата страна“ имала сосема обично секојдневие. Дипломирала новинарство и била репортерка и дописничка за CNN од Шпанија.

Нејзината мајка била болничарка, а татко ѝ го предводел синдикатот на медицинскиот персонал. Не тргнала по нивните стапки и во едно интервју ќе каже дека многу повеќе го сакала пишаниот збор. Вујко ѝ бил радиоводител, а дедо ѝ писател, па од таму ја наследила љубовта кон медиумите.

Нејзините родители се развеле во 1999 година. Татко ѝ се преженил за новинарката Ана Тогорес. Овој негов потег бил разочарувачки за неа, но две децении по разводот, сепак одлучила да му прости што ја напуштил нејзината мајка. Само една година пред да се разделат нејзините нродители, Летиција првпат застанала пред олтар со писателот и средношколски професор Алонсо Гуерер Перез. Пред да се венчаат биле цела деценија во врска, но се развеле по само една година заеднички живот.

Летиција одреден период живеела сама пред да го запознае Фелипе. Романсата на почетокот вешто ја криеле, па нивната веридба шокирала многумина. Било крајно несекојдневно престолонаследник на шпанската круна да се ожени со дама без аристократско потекло, па уште и разведена. Сепак, Летиција успеала да ги надмине сите бариери.

Нивната свадба во 2003 година била прва кралска венчавка во Мадрид во последните сто години. Родителите на Фелипе ги разменија заветите во Атина, а неговите сестри во Севиља и во Барселона. Фелипе и Летиција кои во 2014 година станаа крал и кралица, имаат две ќерки.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

„Спиев со најпознатите пејачки, многу од нив се проститутки“: Маријан со шокантна исповед, естрадата во паника

Последниве неколку дена владеат вистински хаос и паника на српската естрада, а тоа е поради еден човек-Маријан Шариќ. Како што дознава „Курир Старс“, многу познати пејачки се плашат дека познатиот хрватски бизнисмен ќе отвори уста и јавно ќе проговори за тоа со која од нив своевремено бил во с*кс-шема, но […]