fbpx

Му се обраќам на моето неродено дете: Трогателна исповед на Данијела Мартиновиќ

Медиумите како да престанаа да се интересираат за приватниот живот на поп-ѕвездата Данијела Мартиновиќ откако по речиси две и пол децении ѝ стави крај на љубовта со нејзиниот колега, исто толку популарниот Петар Грашо.

И додека повеќето новинари секојдневно објавуваат нови детали за врската на Грашо со 14 години помладата Хана Хулиќ со која во меѓувреме добија и дете, има и такви кои одлучија да потсетат на потресното сведоштво на Мартиновиќ за нејзината борба да се реализира како мајка.

„Мајчинството за мене е прилично тешка и лична тема, но со оглед на мојата професија, истовремено е и јавна. Насловите во медиумите за тоа дека не сум се реализирала како мајка ми изгледаа вулгарно и многу некоректно. Затоа, во моментите на емотивна експанзија, почнав да пишувам, да раскажувам приказна во една форма во која му се обраќам на своето неродено дете. Знаете, за оние долги ноќи кога имате чувство дека немаат ни почеток ни крај, чувството дека ќе останете вечно заглавени во пукнатините на времето“, раскажа пред неколку години пејачката за хрватското издание на „Стори“.

Без никаква заддршка, Данијела во таа прилика си ја отвори душата и изјави дека ако не успее да се реализира како мајка, ќе мора да ја пронајде сопствената среќа и без дете покрај неа.

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Баба и внук пошле во продавница по ЛЕБ: Никој не се надевал на ОВА!

Момче детално ја прераскажа оваа потресна сцена и како се воодушевил од потегот на една девојка Едно момче кое инсистираше да остане анонимно, во својата исповед откри несекојдневна сцена која ја доживеал во продавница. Тој детално опиша што се случило додека чекал ред на касата во супермаркет. „Настанот се случи […]