fbpx

Естрадата завиена во црно: Почина познатиот музичар, сопругата се огласи со трогателна посвета

Музичарот и басист на британскиот бенд „Палп“, Стив Мекej, почина на 56-годишна возраст. Тажната вест ја потврди неговата сопруга Кејти Гранд, која напиша дека е „уништена и скршена“.

Се огласи и бендот на социјални мрежи.

„Нашиот сакан пријател и басист почина утрово. Нашите мисли се со неговото семејство и со најблиските“, напишаа тие во соопштението објавувајќи фотографија од Мекеј како шета низ природа.

„Оваа фотографија на Стив е од времето кога „Палп“ беа на турнеја во Јужна Америка во 2012 година. Имавме слободен ден и тој предложи да се искачуваме на Андите. Така и направивме“, се вели во објавата на поп-бендот од Шефилд кој беше мега-популарен во 90-тите.

Засега не е позната причината за смртта. Мекеј позади себе ги остави синот Марли и сопругата Кејти.

„По три месеци во болница, борејќи се со сета своја сила и решителност, шокирани сме и скршени што се збогувавме со брилијантен и неверојатно убав човек“, напиша Кејти.

Следни Објави

Фановите во паника, Џенан Лончаревиќ се преврте со автомобилот: Нови детали за несреќата

Џенан Лончаревиќ вчера доживеал сообраќајна несреќа на автопат во Црна Гора откако се превртел со автомобилот, информираат регионалните медиуми. „Возилото со кое управувал се превртело околу 14 часот на автопатот кај „Мрки Крш“, соопшти полицијата. Лончаревиќ денеска потврди дека доживеал несреќа, дека сам бил во автомобилот и дека не е […]