На седми февруари ненадејно почина нашиот врвен инструменталист и композитор, првенецот на Танец и долгогодишен раководител на оркестарот, маестро Милан Завков (61).
Еден од најблиските пријатели и соработници на Завков беше единствениот Ферус Мустафов.
Легендарниот македонски кларинетист и саксофонист неодамна гостуваше во последниот подкаст на јутјуберот Стефан Лазаров и зборувајќи за маестро Завков емоциите до толку го совладаа што се расплака среде интервју.
„Едниствен човек кој беше и музичар и човек. Не се раѓа таков. Милан со мене 15 години беше по турнеи, сите проекти заедно ги снимивме“, откри Мустафов во шоуто на Лазаров.