fbpx

Исповед на преживеан патник од возот на смртта: Ова никој не го очекуваше (ВИДЕО)

Цела ноќ спасувачите неуморно работеа за да ги спасат преживеаните патници по тешката железничка несреќа што се случи на северот на Грција, во која загинаа најмалку 47 лица.

„Судирот беше страшен, сцените тешко се опишуваат“, изјави по несреќата Костас Агорастос, регионален гувернер на регионот Тесалија.

„Огнениот кошмар траеше цели 10 секунди, едвај се гледаше нешто од чадот“, изјави 28-годишниот Стергиос Миненис кој успеа да побегне од урнатините на возот.

Патничкиот воз со околу 350 луѓе со голема брзина се судри со друг патнички воз во близина на градот Лариса во централна Грција. И покрај брзата реакција на пожарникарите и спасувачите (на местото на несреќата интервенирале 150 пожарникари и 20 возила на брза помош), епилогот е трагичен. Според последните извештаи, најмалку 47 лица загинале, а повеќе од 100 се повредени.

При судирот избувнал пожар во повеќе вагони во кои останале заробени патниците. Оние кои успеале да се спасат се префрлени во болница, многумина од нив се здобиле со тешки изгореници.

„Се тркалавме во вагонот додека не излета на страна. Потоа настана паника, избувна пожар. Огнот беше насекаде околу нас“, раскажува еден од патниците кој скокнал во бездна висока два метра за да си го спаси животот.

Друг патник за локалните медиуми изјави дека несреќата го потсетила на земјотрес.

Се’ уште не е познато како се судриле возовите.

Следни Објави

Мајка си го најде синот по 30 години: На Зденка ѝ го зеле чедото поради ОВА!

Првите зборови на нејзиниот син го кршат срцето Зденка Мијаиловиќ имала тежок живот. Центарот за социјална работа ѝ го одзел синот во 1992 година додека била во Германија. Го немала видено повеќе од 30 години. Живее во Франција, со четири деца и голема поддршка од сопругот. Милош, синот кој го […]