fbpx

Мајка си го најде синот по 30 години: На Зденка ѝ го зеле чедото поради ОВА!

Првите зборови на нејзиниот син го кршат срцето

Зденка Мијаиловиќ имала тежок живот. Центарот за социјална работа ѝ го одзел синот во 1992 година додека била во Германија. Го немала видено повеќе од 30 години.

Живее во Франција, со четири деца и голема поддршка од сопругот. Милош, синот кој го немаше видено цели три децении, ја пронашол преку социјалните мрежи

„Таа 1992 година одлучив со сопругот од вториот брак да заминам во Германија. Тоа беше време кога почна војната во Југославија и како и многумина тргнав во потрага по подобар живот за мене и за моето семејство, да создадам услови и децата да дојдат таму. Но, немаше како да ги донесам, воведоа визи. Немаше автобуски линии, авиони, а за тој краток период се случи немил инцидент во Србија, кога Милош имаше две години. За момент останал сам на работ од прозорецот. Го видел соседот, полека му се приближил и го спасил. Тоа беше аларм за полицијата и социјалните служби. Ниту јас, ниту биолошкиот татко не бевме таму, а тој не го ни сакаше. Веднаш го дадоа на посвојување. Никој не ме извести, само го однесоа“, раскажува таа.

Повторната средба со синот ја нарекува судбинска.

„Средниот син ми го честиташе роденденот на социјалните мрежи, а по извесно време добив порака „Конечно ја видов мајка ми“. Тој веќе го знаеше моето име, но не знаеше каде сум. Информациите му ги дал далечен роднина на неговиот биолошки. Ме бараше и веројатно го нашол профилот на мојот син и така започна разговорот“, се присетува таа.

Покрај шокот што следувал, синот на Мијаиловиќ изјавил дека за ништо не ѝ замерува.

„Се сеќавам на неговите први зборови.. Ми рече: „Опушти се, што се случило, се случило, немам ништо против тебе“. Ми напиша порака да престанам да се осудувам, дека сите грешиме и дека ќе бидеме добро. Се обидував да го најдам, но семејството што го посвои му го дало нивното презиме“, вели таа.

Денеска по триесет години ќе го види синот.

„И јас сум посвоена уште од раѓање. Имав среќа да ме посвои личност која беше повеќе од мајка. Таа почина онаа кобна 1992 година кога заминав во Германија. И Милош имал среќа да заврши во добро семејство“, завршува таа.

Фото: КурирТВ

Следни Објави

Македонија тагува! Сите се простуваат од Филип

Тажна вест сподели Ракометната Федерација на Македонија Почина Филип Христов, човек кој голем дел од својот работен и животен век посвети на ракометот. Ракометната и спортската јавност воопшто, денес изгуби еден вреден спортски работник и редок професионалец. Првенствено препознатлив како дел од раководната структура на РК „Металург“ три децении наназад […]