fbpx

Холивуд тагува! Почина во сон, потресни детали за смртта на актерот Том Сајзмор

На 61-годишна возраст почина американскиот актер Том Сајзмор, најпознат по улогата во блокбастерот „Спасувајќи го војникот Рајан“.

Лошото момче од Холивуд се упокои во болницата во Лос Анџелес каде беше хоспитализиран со аневризма на мозокот. Откако падна во кома, лекарите соопштија дека нема надеж за негово излекување, па семејството мораше да донесе исклучително тешка одлука-исклучување на апаратите.

Менаџерот на актерот, Чарлс Лаго, на медиумите им откри дека Том починал мирно, во сон, во болницата Свети Џозеф, а покрај него биле неговиот брат Пол и синовите близнаци Џејден и Џегер (17).

„Семејството Сајзмор наоѓа утеха во стотиците пораки за поддршка и љубов искажани кон нивниот син, брат и татко. Бараат приватност во овој тежок момент и бараме да се почитуваат нивните желби“, изјави Лаго.

Братот на Том е скршен од загубата.

„Тој беше поголем од животот. Влијаеше на мојот живот повеќе од било кој друг. Беше талентиран, полн со љубов која ја споделуваше со сите и можеше бескрајно да ве забавува со својата духовитост и раскажувачка способност. Скршен сум што го нема и секогаш ќе ми недостига“, изјави Пол.

Сајзмор се прослави во деведесеттите играјќи претежно споредни улоги како цврст момци, војници, полицајци или криминалци, а имаше забележителни улоги во голем број филмови, вклучувајќи ги Natural Born Killers, Pearl Harbor и The Heat.

Со години се бореше со зависности, а во повеќе наврати завршуваше зад решетки, поради возење под дејство на алкохол, но и поради семејно насилство.

Следни Објави

Јасмин Алиевски „растури“ во „Ѕвездите на Гранд“: И со температура покажа дека е еден од најдобрите

Во актуелната сезона на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ Македонија има потенцијален кандидат за во финалето, а многумина веруваат дека тој ќе биде и еден од најсериозните учесници за победа. Се работи за скопјанецот Јасмин Алиевски, кого јавноста го знае како учесник во ова шоу од пред неколку години, […]