fbpx

Естрадата завиена во црно! Трагично почина познатиот музичар, пријателите во шок

Во Белград синоќа на 65-годишна возраст почина музичарот Жељко Николиќ, фронтмен на групата „Розе Позе“.

Николиќ, кој последните години беше неподвижен, загинал трагично како последица од пожар, открија пријатели на музичарот на социјалните мрежи.

Николиќ е роден 1957 година, а првиот професионален ангажман го имаше во групата „Зебра“. Во средината на осумдесеттите заедно со Владо Чалиќ го основа бендот „Розе Позе“. Во 1989 година групата го објави синглот „Дај гол“, рефрен која стана особено популарен меѓу навивачите.

Прв вокалист во составот беше Оливер Ѓуриќ, но тој набргу го напушти бендот и неговото место го пополни Николиќ.

Групата престана со работа во 2002 година, а се реоформи осум години подоцна објавувајќи го изданието „Ко је рек’о рокенрол“.

Следни Објави

Момче фатено на аеродром со човечко месо: Властите во паника, една работа ги шокира сите

Во петокот на аеродромот во Лисабон бил пронајден ковчег со човечко месо по што полицијата го уапсила Беголе Мендес Фернандеш (26), осомничен дека во неделата во Амстердам го убил 21-годишниот Алан Лопез, пишува британски „Експрес“. Станува збор за Холанѓанец кој бил пронајден мртов во куќата во која живеел со мајка […]