fbpx

Македонија тагува! Сите се простуваат од Јакимовски

По кратко боледување почина Љупчо Јакимоски (61), поранешен директор на МИА и МРТ.

Љупчо Јакимоски е роден во 1961 година, во село Велестово, Охрид. Завршил Филолошки факултет во Скопје- група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ.

Двапати е избран за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во првиот парламентарен состав, а потоа и во 1998. Истата година година е избран за генерален директор на Македонската радио телевизија, функција која ја извршува до 2002 година.

Во 2006 година е избран за директор и главен и одговорен уредник на МИА, на која функција е 11 години, се’ до 2017.

Љупчо Јакимоски ќе биде погребан во неговото родно Велестово.

Следни Објави

Голема трагедија го зави семејството во црно: Две млади сестри починаа во иста недела

Сестрите Шони (26) и Шавана (21) од Единбург починале во иста недела, а нивното семејство одлучи да ги погреба заедно. Мајката на две деца Шони починала ненадејно на 26 февруари, додека нејзината сестра Шавана само неколку дена подоцна. Нивните пријатели се скршени од болка и велат дека тоа е најтешкото […]