fbpx

Сè се одвиваше како на филм: Шокантни детали за двојното убиство во Скопје

Двојно убиство вечерва ги вознемири скопјани. Две лица се ликвидирани, а едно е повредено во пукањето кај Кале кое се случило во локалот „Шиша бар“.

„Во 20.11 часот во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош“, соопштија од МВР.

Четири маскирани лица во црни униформи со автоматски пушки се претставиле како полиција по што се упатиле кон една од канцелариите во локалот, а откако влегле во просторијата, отвориле оган.

Четворицата на местото на злосторството се довезле со возило „ауди А6“, влегле во локалот, се претставиле како полиција, се качиле на вториот кат и влегле во мониторинг салата каде стрелале кон неколку лица. По пукањето, со автомобилот се упатиле кон скопската населба Шутка каде на улица Вашингтонска го запалиле автомобилот. Возилото имало фалсификувана регистарска табличка со број „SK8870BC“, пишува „Нетпрес“.

Едниот од убиените, кака што пренесуваат медиумите повикувајќи се на очевидци, е наводен наркобос од скопското село Грчец, Јетон Кривањева познат и како Жила.

Фото: Принтскрин/Телма

Следни Објави

Македонија тагува! Сите се простуваат од Јакимовски

По кратко боледување почина Љупчо Јакимоски (61), поранешен директор на МИА и МРТ. Љупчо Јакимоски е роден во 1961 година, во село Велестово, Охрид. Завршил Филолошки факултет во Скопје- група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ. Двапати е избран за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во првиот парламентарен состав, […]