fbpx

Александра била во врска со еден од убиените во Скопје: Тврди дека ја тепал, со ОВА ѝ се заканувал

Не стивнуваат реакциите во јавноста по двојното убиство во Скопје кога настрада и извесен криминален бос, а настанот беше топ-тема и во српските медиуми откако повеќето од нив напишаа дека токму тој бил поранешен партнер на Александра Николиќ, актуелна учесничка во реалното шоу „Задруга“.

„Информер“ напиша дека Николиќ пред неколку години била во турбулентна врска со убиениот Ј.К. и дека додека биле заедно наводно трпела сериозно насилство.

Николиќ своевремено настапувала по клубовите во Македонија каде и го запознала. Набргу се преселила во Скопје да живее кај него. Таа во една прилика откри детали од бурната врска која, како што вели, од корен ѝ го променила животот.

„Ја напуштив работата поради него, бидејќи му пречеше да танцувам. Добро се забавував со него година и пол, но го оставив затоа што ме тепаше. Мислеше дека го изневерувам. Толку ме тепаше што имав сериозна повреда на вратот“, раскажа Александра во „Задруга“ признавајќи дека долго време откако го напуштила имала проблеми со него.

„Бидејќи цел живот гледав насилство, веднаш го напуштив. Никогаш не би простила ќотек! Тоа момче се’ уште ми се заканува. Ми вели дека ќе објави некои информации за мене во јавноста. „Прави што сакаш, само остави ме на мира“, му одговорив. Не знам дали има експлицитна снимка со мене. Не се снимавме, освен ако тајно не го направил тоа. Не се плашам ниту од него, ниту од никого“, се исповеда неодамна Николиќ.

Следни Објави

Шокантни сознанија: Ова биле последните зборови на внукот на Љубе Бошкоски пред да исчезне

Се’ уште нема ниту трага, ниту глас од Самоил Костадиновски, 26-годишниот внук на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Никој од семејството нема претстава и идеја каде би можел да биде и што би можело да се случи. Лице што било во контакт со Самоил Костадиновски сведочи дека непосредно пред […]