fbpx

Голема трагедија го зави семејството во црно: Две млади сестри починаа во иста недела

Сестрите Шони (26) и Шавана (21) од Единбург починале во иста недела, а нивното семејство одлучи да ги погреба заедно. Мајката на две деца Шони починала ненадејно на 26 февруари, додека нејзината сестра Шавана само неколку дена подоцна.

Нивните пријатели се скршени од болка и велат дека тоа е најтешкото нешто низ кое може да помине едно семејство.

Шавана неодамна на „Фејсбук“ напишала дека ѝ е тешко по смртта на сестра и и дека се бори со огромна тага.

„Го поминувам најтешкиот период во животот. Ми недостига мојата „близначка““, напишала таа, пренесува „Мирор“.

Сите биле изненадени од веста дека и таа, за жал, починала. Пријателите на социјалните мрежи се простуваат од двете сестри.

„Пред себе го имаа целиот живот. Животот понекогаш е толку неправеден. Сега повторно сте заедно“, стои во објавата.

Полицијата претходно соопшти дека Шони била пронајдена мртва во стан во Единбург. Истрагата за нејзината смрт се’ уште е во тек.

Следни Објави

Фановите во шок! Загина пејачот од „Ѕвездите на Гранд“, една работа ги вознемири сите

Поранешен натпреварувач на „Ѕвездите на Гранда“ синоќа загина во страшна несреќа кај Добановац. Како што дознава „Телеграф“, станува збор за 23-годишниот Немања Вуковиќ кој се прослави во регионалното музичко шоу пред неколку години. „На автопатот кај Добановац синоќа околу 19 часот се случи тешка сообраќајна несреќа“, потврди полицијата. Она што […]