fbpx

Трагедија! Естрадата во шок! Слаѓа Алегро скршена од болка (ФОТО)

Неверување и шок, истрагата е во тек

Не стивнуваат реакциите во јавноста по трагичната смрт на младиот пејач Немања Вуковиќ кој се прослави во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Естрадата е во шок, а трагедијата длабоко ја погоди и познатата пејачка Слаѓа Алегро која за 25 март имаше договорено заеднички настап со Немања во Малта.

„Во шок сум! Дознав пред неколку минути. Прекрасно дете! Требаше да работиме заедно. Не знам што да кажам. Скршена сум“, изјави пејачката видно вознемирена.

Вуковиќ синоќа загина во страшна несреќа кај Добановац. Она што најмногу ги вознемири фановите на младиот пејач е начинот на кој настрадал.

„Кога излезе од автомобилот беше свесен. Му пријдоа да му помогнат, го прашуваа дали е добро. Но, почна панично да трча и во тој момент на него налета автобус“, сведочат случајни минувачи.

Следни Објави

Изгуби контрола, залудно го предупредуваа: Нови шокантни детали за смртта на младиот пејач на „Гранд“

Пејачот и поранешен натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“, Немања Вуковиќ (23), загина синоќа во страшна несреќа кај Добановац, откако во него удри автобус. Според извор близок на истрагата, Немања трагично настрадал откако по сообраќајката која ја преживеал се обидел да претрча по автопатот. „Немања доживеал сообраќајна незгода откако, најверојатно поради […]