fbpx

Шокантни сознанија: Ова биле последните зборови на внукот на Љубе Бошкоски пред да исчезне

Се’ уште нема ниту трага, ниту глас од Самоил Костадиновски, 26-годишниот внук на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Никој од семејството нема претстава и идеја каде би можел да биде и што би можело да се случи. Лице што било во контакт со Самоил Костадиновски сведочи дека непосредно пред да исчезне рекол дека има проблеми, кои се надевал дека ќе се средат.

„Говореше дека му излегле некакви проблеми, дека бил во голем хаос, дека дал големи пари, дека полудел. Не кажа точно за што се работи, но се надеваше дека проблемите ќе се средат“, сведочи истото лице за „Фокус“.

Самоил последен пат бил виден пред чешката амбасада во Скопје, по што му се губи секоја трага. Сопругата на Бошкоски, Виолета, пред два дена потврди дека се работи за нејзин внук од брат.

„Самоил е дете од брат ми и има 26 години. Излегол од дома, наводно го викнале накај Кисела Вода или Драчево. Некој човек, кај што го оставиле автомобилот кажал дека излегол од својот автомобил и влегол во друг, каде имало тројца луѓе. Потоа кажале дека тоа се случило кај чешката амбасада, наводно префрлен во украден автомобил. Засега никој ништо не знае, а телефонот му е исклучен“, раскажа Бошкоска за ММС.

Извор близок до истрагата открива дека неговото исчезнување го пријавил брат му. Официјално, никој од семејството во полиција не споделил информации дека се сомнева во киднапирање. МКД.мк, пак, повикувајќи се на свои извори објави дека сепак се работи за киднапирање извршено од криминална група од Албанија и Турција во обид да се наплати некаков долг.

Следни Објави

Ова е убиецот на баба Босилка: Шокантни детали, еве како ја познавал жртвата

Полицијата вчера го уапси П.Б.(28) од Апатин поради сомнение дека во понеделник наутро брутално ја убил Босилка Миљановиќ (83) во нејзиниот семеен дом во овој град на Дунав. Како што „Новости“ неофицијално дознава, осомничениот живеел недалеку од делот на градот во кој живеела и пензионерката и релативно добро ги знаел […]