fbpx

Ова е убиецот на баба Босилка: Шокантни детали, еве како ја познавал жртвата

Полицијата вчера го уапси П.Б.(28) од Апатин поради сомнение дека во понеделник наутро брутално ја убил Босилка Миљановиќ (83) во нејзиниот семеен дом во овој град на Дунав.

Како што „Новости“ неофицијално дознава, осомничениот живеел недалеку од делот на градот во кој живеела и пензионерката и релативно добро ги знаел околностите во тоа семејство, бидејќи наводно бил иста генерација со внуката на бабата, Јелена.

Кај осомничениот наводно биле пронајдени крвави дуксер и фармерки, но и чевлите кои ги носел за време на злосторството. Ножот со кој е убиена жената бил пронајден на местото на убиството и имал сатанистички ознаки, исти такви какви што наводно имал истетовирано осомничениот.

Несреќната жена во понеделникот наутро била пронајдена мртва во својот дом. Таа била убиена со нож, а од расфрланите работи низ куќата се претпоставува дека мотивот за злосторството е разбојништво.

Босилка живеела со својата внука, која во тоа време била на работа.

„Злосторството го открил сосетка со кој баба Боса секое утро пиела кафе. Кога видела дека ја нема, отишла да види што ѝ е и затекнала грозоморна сцена-сите работи во собата испревртени, а телото на бабата облеано во крв, покриено со ќебиња“, открива извор од истрагата.

Следни Објави

Следната недела во март ќе биде опасна: Внимавајте ако сте припадници на овие хороскопски знаци!

Припадниците на овие три хосрокопски знаци треба особено да внимаваат како ќе се однесуваат во наредниот период. За нив март може да заврши на најлош можен начин. Близнаци За многу работи ќе почувствувате отпор од луѓето кои секојдневно ве опкружуваат, па добро размислете во која насока ќе продолжите. Конфликтните ситуации […]