fbpx

Лила ја симна периката и проговори за најмрачниот период: За ОВА досега молчеше!

„Додека некои мислеа дека во Истанбул сум на шопинг, јас бев на операција“, вели Лила Филиповска во ексклузивното интервју за „Убавина и здравје“ во кое првпат без заддршка зборува за канцерот на дојка.

Познатата водителка и инфлуенсерка специјално пред објективот на Дарио Јанковиќ конечно позира без перика. Вели дека ракот ѝ го променил животот, но не и нејзината вредност.

„Првпат зборувам за мојата борба со канцерот, но не да ве траоризирам, туку да ви кажам дека го победив тоа зло после година и кусур борба и дека сум тука да помогнам некому заедно да го победиме. Не заборавајте, канцерот не е непобедлив! Јас сум доказ!“, им порача таа на своите следбеници на социјалните мрежи.

Никој не знаел што ѝ се случува, освен најблиските. По повеќе од една година исполнета со неизвесност, очекувања, терапии и стравови, омилената ТВ-водителка победнички може да каже дека е здрава! Во битката со канцерот, победникот е Лила, пишува магазинот „Убавина и здравје“.

На прашањето дали смета дека е „должна“ да им објаснува на обожавателите со каков здравствен предизвик се соочила, таа дава интересен одговор.

„Кога ќе помислев колку многу жени го поминале или го поминуваат мојот пат, си велев дека не морам сега да ги заморувам луѓето со мојот здравствен проблем. Што би се случило кога сите би давале интервјуа за своите проблеми?! Од друга страна, пак, веќе 25 години ја споделувам мојата интима со публиката, раскажувам за моите патувања, препорачувам производи и сметав дека е чесно да кажам дека се соочувам со сериозен здравствен проблем, дека ми дијагностицираа канцер на дојка и дека болеста не избира! Знаете, кога ја слушнав дијагнозата, бев во тотален шок! Можеби и ќе вриснев, но останав без глас“, вели Лила.

Следни Објави

Без перика во гламурозен фустан: Лила блесна на Саемот за венчавки (ФОТО)

Во црн гламурозен фустан и со својата природна кратка коса, Лила Филиповска вечерва го украде вниманието на отварањето на традиционалниот Саем за венчавки. Познатата водителка и инфлуенсерка се појави на настанот како ѕвезда и уште еднаш покажа дека е вистинска лавица и покрај исклучително тешките животни премрежја. Во ексклузивно интервју […]