fbpx

Адриана им разјасни на сите: Еве зошто не се селам од Македонија!

Сите ме прашуваат зошто не се селам од Македонија. Епа дојде моментот да разјасниме.

Ужасна политика? Да. Сиромаштија? Да. Неправда? Многу. Ова е нашето секојдневие и факт е дека е катастрофално. Исто така мора да се соочиме со фактот дека оваа реалност нема да се промени сама од себе.

Нема да се разбудиме едно утро во праведна држава со вистински вредности и слога меѓу народот. Бруталната вистина со која што мора да се соочиме е дека мора да излеземе од mindset-от “што се замараш”, “не зависи од нас” и слично, зашто на крајот од денот буквално зависи од нас.

Предолго интелектуалците се фокусираа на хедонизам и ја оставија политиката и одлуките на гладните и жедни мршојадци, време е да се разбудиме.

Македонија е преубава ако знаеш да го уклучиш мозокот и не се плашиш од предизвик.

Одбивам да ја предадам државата за 6 евра во McDonald’s во Германија само затоа што не сме биле доволно гласни. Тие ладни улици нема да ја заменат прегратката на баба ми, липите во април и мирисот на дом.

Фејсбук-статус на Адриана Поповиќ

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Ново продолжение од потресното сведоштво на Лила: Неочекуван потег по операцијата

Магазинот „Убавина и здравје“ објави нов исечок од ексклузивното интервју со Лила Филиповска кое веќе е во продажба, а во кое таа првпат отворено зборува за ракот на дојка. Македонската водителка и инфлуенсерка открива детали за зафатот кој го направила во Истанбул. „Операцијата траеше пет часа и помина успешно. И додека […]