fbpx

„Лидл“ конечно во Скопје: Еве каде ќе купуваме, познати се деталите

Нема веќе влечење торби од Србија и од Грција

Германскиот трговски синџир „Лидл“ ја купил локацијата на „Бриколаж“ од компанијата „Скопски пазар“. Таму се очекува да никне првиот маркет кој македонските граѓани со нетрпение го очекуваат, открива порталот „Фактор“.

Во февруари 2021 година Лидл ја регистрираше својата компанија во Македонија која ќе биде управувана од бугарската филијала. Една од најголемите компании во малопродажбата во светот, кај нас ја регистрираше подружницата Лидл Северна Македонија Дооел со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500.000 евра, според податоците од Централен регистар, потсетува „Фактор“.

Сопственик е германската матична компанија ВЕ-Интернационал Цвајте ГмбХ од Некарзулм, но субјектот специјализиран за трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун ќе биде управуван од Софија, од бизнисмените Милена Емилова Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев, објави тогаш истиот портал.

„Лидл“ има 100 продавници во Бугарија на 49 локации. Во соседна Србија е присутен од 2018 година и до сега има вкупно 41 објект. Во Хрватска работи од 2006 година. Трговскиот синџир оперира во 30-тина земји во Европа, со околу 11.000 продавници, а присутен е и во САД. „Лидл“ секој ден опслужува по околу 10 милиони купувачи.

„Фактор“ исто така пишува дека некои информации говорат оти се купени парцели и во Кавадарци и во Битола.

Следни Објави

Адриана им разјасни на сите: Еве зошто не се селам од Македонија!

Сите ме прашуваат зошто не се селам од Македонија. Епа дојде моментот да разјасниме. Ужасна политика? Да. Сиромаштија? Да. Неправда? Многу. Ова е нашето секојдневие и факт е дека е катастрофално. Исто така мора да се соочиме со фактот дека оваа реалност нема да се промени сама од себе. Нема […]