fbpx

Ново продолжение од потресното сведоштво на Лила: Неочекуван потег по операцијата

Магазинот „Убавина и здравје“ објави нов исечок од ексклузивното интервју со Лила Филиповска кое веќе е во продажба, а во кое таа првпат отворено зборува за ракот на дојка.

Македонската водителка и инфлуенсерка открива детали за зафатот кој го направила во Истанбул.

„Операцијата траеше пет часа и помина успешно. И додека некои мислеа дека во Истанбул сум на шопинг, јас бев на операција. Иако, морам да ви кажам, неколку дена по операцијата морав да чекам да ми ги извадат дреновите, но јас не лежев туку шетав низ Истанбул со другарка ми и со три дрена во џебовите“, раскажува таа за „Убавина и здравје“.

Лила нагласува дека канцерот ѝ го променил животот, но не и нејзината вредност. Никој не знаел што ѝ се случува, освен најблиските. По повеќе од една година исполнета со неизвесност, очекувања, терапии и стравови, конечно ја доби најважната животна битка.

Откако специјално пред објективот на Дарио Јанковиќ конечно позира без перика, Лила со својата природна кратка коса синоќа се појави и на отворањето на традиционалниот Саем за венчавки.

Следни Објави

Пред смртта им остави проштално писмо на децата: Во Југославија воздивнуваа по неа, никој не знаеше дека е тешко болна до самиот крај

Убавата и талентирана актерка ја изгуби најтешката животна битка која храбро ја водеше до последен здив Иако ќе остане запаметена како една од најталентираните глумици на овие простори, дури од третпат успеала да го положи примениот испит на Академијата за драмски уметности. Реномираната актерка Станислава Пешиќ е родена во Белград […]