fbpx

Цел свет зборува за неа: Синоќа испиша историја на Оскарите, една работа остава без здив

Таа е поранешна убавица со титула, нема деца, а нејзиниот партнер го знаете сите

Мишел Јео стана прва жена од Азија која триумфира во категоријата „најдобра женска главна улога“ и на тој начин испиша историја на 95-то доделување на Оскарите.

„За сите момчиња и девојчиња кои го гледаат ова вечерва, а кои личат на мене, како иза жените-никогаш не се откажувајте! Јас немаше да бидам овде вечерва без мојот тим и сите кои учествуваа, а победата и ја посветувам на мајка ми, на сите мајки, тие се херои и ние немаше да бидеме тука да не беа тие. Таа го гледа преносот во Малезија во моментов, ова е за неа и за моето семејство во Хонг Конг каде што започна мојата кариера.. Испишавме историја“, рече во победничкиот говор поранешната убавица на Малезија со чиј исклучителен талент вистинските љубители на седмата уметност добро се запознаени.

Од бонд-девојка до гејша, оваа жена има импресивна повеќедецениска кариера, а синоќа конечно доби и формална потврда за тоа.

Балетот е прва љубов на Мишел Јео. Во тинејџерските години се фокусира на манекенството, а во 1983 година станува Мис Малезија. Пресвртница во нејзиниот живот е рекламата во која се појавува со легендарниот Џеки Чен. Оттогаш реди само успеси на големото платно. „Прикриен тигар, скриен змеј“, „Сеќавањата на една гејша“, „Луди богати Азијци“ и „Утрешнината никогаш не умира“ се само дел од блокбастерите во кои одигра впечатливи улоги.

Јео е родена во будистичко семејство, течно зборува англиски, малајски и кантонски. Со години е во врска со Жан Тод, генералниот менаџер на Скудериа Ферари со кого живее во Женева. Мишел нема деца, но одлично се согласува со синот на Тод кој го доби од претходна врска.

Следни Објави

Ја победи траумата и повторно е најдобар: Холивуд со години му вртеше грб, а синоќа освои Оскар

Сосема заслужено, синоќа на 95-то доделување на Оскарите за најдобар актер беше прогласен Брендон Фрејзер за улогата во филмот „Кит“. Ѕвездата од филмските спектакли „Мумија“ и „Џорџ од џунглата“ на голема врата се врати во индустријата, откако Холивуд со години му вртеше грб додека тој се соочуваше со сексуално злоставување, […]