fbpx

Ѝ ги отстраниле градите по грешка: Потресно сведоштво на тетовка, нов скандал го тресе македонското здравство

Не знаев дали да бидам благодарна што немам канцер, или да тагувам што ме осакатија. И тие чувства постојано се заменуваа едно со друго

На 56-годишната С.С. од Тетово ѝ била направена двојна масектомија, иако немало потреба. Таа сега бара одговорност од лекарите на Клиниката за онкологија и радиотерапија кои сугерирале итна операција поради сомневање за канцер.

„Имам една добра и една лоша вест за вас. Добрата вест е дека нема да мора да одите на хемотерапија. А лошата е, што не требаше да ви ги отстраниме градите. Воопшто не сте имале карцином”. Овие зборови ги слушнала од лекар во приватна болница во Скопје во 2018 година и оттогаш ја прогонуваат. Животната радост која дотогаш ја чувствувала оваа жена ќе биде поттисната под тешкиот камен на гневот, неодговорените прашања и посетите во ординациите на психијатрите, пишува „Слободен печат“.

Шокот за неа трае петта година, а измешан е со лутина и, како што самата вели, една внатрешна потреба-одговорност!

С.С., инаку мајка и сопруга, на местото на нејзините гради сега има протези, што ѝ паѓа многу тешко. Не толку поради естетиката, колку поради украдената женскост и телесниот интегритет.

„Кога се капам, многу боли. И ќе се погледнам и тешко ми е. Рацете ми се тресат. Понекогаш кога ќе земам чаша вода во рака таа ми паѓа. Раката ми се олабавува и губам контрола и осет во неа. Често затреперувам. Пет години од нашата куќа не излезе ниту збор за тоа што ми го направија. Само јас, маж ми адвокатките и децата знаеја. На пријателите не им кажувавме. Поминавме пекол и шок, наизменично. Не знаев дали да бидам благодарна што немам канцер, или да тагувам што ме осакатија. И тие чувства постојано се заменуваа едно со друго. На крајот сите нив ги надвладеа гневот и лутината. Верував во системот и верував дека Обвинителството ќе си ја заврши работата. Но пет години нема никакво поместување. Предметот се чува во фиока и не сакам да застари. Сакам некој да одговара за тоа што ми го направија, затоа решив да се обратам во медиум“, вели таа за „Слободен печат”.

Следни Објави

Шоканта снимка од судница: Обвинет за убиство ја изигра полицијата, го бркаа со дронови и кучиња (ВИДЕО)

Несекојдневен инцидент забележале безбедносните камери во еден американски суд, откако полицаецот му ги извадил лисиците на обвинетиот. Видеото кое го објави Канцеларијата на шерифот на округот Вашингтон стана вирално и за два дена собра повеќе од 192.000 прегледи на „Јутјуб“. Очекувано, снимката покрена дебата за безбедносните мерки во САД, но […]