fbpx

Ја победи траумата и повторно е најдобар: Холивуд со години му вртеше грб, а синоќа освои Оскар

Сосема заслужено, синоќа на 95-то доделување на Оскарите за најдобар актер беше прогласен Брендон Фрејзер за улогата во филмот „Кит“.

Ѕвездата од филмските спектакли „Мумија“ и „Џорџ од џунглата“ на голема врата се врати во индустријата, откако Холивуд со години му вртеше грб додека тој се соочуваше со сексуално злоставување, вистински трауми и сериозни здравствени проблеми како последица од повредите со кои се здоби за време на снимањето на тешки акциони сцени одбивајќи асистенција од каскадер.

„Мораше да направи ламинектомија, операција при која се отстранува дел од пршленот. Зафатот не бил успешен, па морал да го повтори следната година. Потоа направил операција на коленото, уште една интервенција на грбот и операција на гласните жици. Севкупно, поминал седум години по болници“, им откри на новинарите неименуван извор.

Сепак, здравствените проблеми не беа единственото нешто што го мачеше Брендон. Пред неколку години конечно се охрабри и откри дека доживеал голема траума кога бил сексуално злоставуван летото 2003 година од влијателниот новинар Филип Берк.

„Со раката ме фати за задникот и со едниот прст го допираше моето меѓуножје. Ми се слоши. Се чувствував како мало дете, како да имам кнедла во грлото. Мислев дека ќе почнам да плачам“, раскажа тој во едно интервју.

Објасни дека му требало долго време да зборува за инцидентот.

„Се плашев од понижување, но и дека тоа ќе ми ја уништи кариерата“, изјави канадско-американскиот актер.

Нов голем удар доживеа во 2007 година кога се разведе од актерката Афтон Смит со која беше во брак од 1998 година и со која има три сина. Најголемиот Грифин има аутизам и се бори со прекумерна тежина. Другите два сина синоќа го придружуваа на доделувањето во Лос Анџелес заедно со неговата партнерка Џејни Мур.

Следни Објави

Вака почна сè: Познатиот пејач сведочи за масовната тепачка на нашинците во Швајцарија (ВИДЕО)

Вистински хаос и општа тепачка. Ова е епилогот од последната Македонска вечер во Швајцарија на која настапија познати македонски пејачи и музичари, а на крај морала да интервенира и полицијата. Меѓу музичките гости бил и Кристијан Јованов (публиката се сеќава на него по учеството во шоуто „Операција Триумф“) кој сведочи […]