fbpx

Шоканта снимка од судница: Обвинет за убиство ја изигра полицијата, го бркаа со дронови и кучиња (ВИДЕО)

Несекојдневен инцидент забележале безбедносните камери во еден американски суд, откако полицаецот му ги извадил лисиците на обвинетиот.

Видеото кое го објави Канцеларијата на шерифот на округот Вашингтон стана вирално и за два дена собра повеќе од 192.000 прегледи на „Јутјуб“. Очекувано, снимката покрена дебата за безбедносните мерки во САД, но и во другите земји.

Еди Вилалобос (28) бил во судница во округот Вашингтон на 27 февруари за време на процесот на избор на поротата. Тој е обвинет за убиство на 33-годишната Артеми Гузман-Олвеира во 2021 година.

Двајца полицајци го придружувале до судницата и му рекле да седне на столчето. Во тој момент имал лисици на рацете и на нозете, но штом полицијата го ослободила веднаш се упатил кон вратата.

Еди успеал да побегне од судницата, но не за долго. Повторно бил лишен од слобода два часа подоцна. На локалната телевизија било објавено итно соопштение дека опасен бегалец е на слобода, по што веднаш биле активирани дронови и распоредени полициски кучиња.

На крај бегалецот бил фатен во својот стан, благодарение на дојавата на станарот од неговата зграда.

Следни Објави

Македонија тагува по Ване: Хуманоста нема никогаш да му ја заборавиме

На 63-годишна возраст почина познатиот бизнисмен Ване Богдов, јавија штипските медиуми. Неговите сограѓани ќе го паметат како голем хуманист, а на градот под Исарот му ја остави и уникатната црква „Свети Константин и Елена“. Сепак, пошироката јавност го запозна кога на почетокот на минатата година својата конфекција „Вабо“ им ја […]