fbpx

Вака почна сè: Познатиот пејач сведочи за масовната тепачка на нашинците во Швајцарија (ВИДЕО)

Вистински хаос и општа тепачка. Ова е епилогот од последната Македонска вечер во Швајцарија на која настапија познати македонски пејачи и музичари, а на крај морала да интервенира и полицијата.

Меѓу музичките гости бил и Кристијан Јованов (публиката се сеќава на него по учеството во шоуто „Операција Триумф“) кој сведочи за немилиот настан.

„Ниту ние точно не знаеме зошто започна се’. Неофицијално, додека некои од гостите беа качени на маса и играа, некој некому со нога му стапнал во тањир. Тоа е се’ што знаеме, никој од нас музичарите не доби ќотек“, раскажува Јованов за „Фокус“.

Инцидентот се случил околу полноќ, по што концертот бил прекинат.

„Немаше резон да продолжиме со музика. Луѓето беа вознемирени, деца исплашени плачеа“, дополнува тој.

Специјално организираниот настан за нашинците во Швајцарија бил по повод Денот на жената, а на истиот настапиле и Благоја Грујовски, Анета Арсовска, Дамјан Стојаноски и „Дали Бенд“. 

Следни Објави

Ѝ ги отстраниле градите по грешка: Потресно сведоштво на тетовка, нов скандал го тресе македонското здравство

„Не знаев дали да бидам благодарна што немам канцер, или да тагувам што ме осакатија. И тие чувства постојано се заменуваа едно со друго“ На 56-годишната С.С. од Тетово ѝ била направена двојна масектомија, иако немало потреба. Таа сега бара одговорност од лекарите на Клиниката за онкологија и радиотерапија кои […]