fbpx

Фановите се простуваат: Почина ѕвездата од „Касандра“

Семејството и пријателите се простија од легендарната венецуелската актерка Нури Флорес.

Се прослави како злобната Херминија во „Касандра“, хит-серијата која во 90-тите години и кај нас рушеше рекорди на гледаност.

Флорес ја загуби битката со ракот, битка која веќе подолго време ја војувала.

Актерска кариера ја почна во 1959 година, а покрај култната „Касандра“, забележителни улоги имаше и во теленовелите „Слугинката и сенаторот“, „Духот на Елена“ и „Ангелот одмаздник“.

Покрај актерството, Нури уште од мали нозе покажала склоност кон уметноста, а се пробала и како модел на официјалниот избор Мис на Венецуела.

Следни Објави

Нови потресни детали: Се огласи сопругата на исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

Веќе десет дена нема ниту трага, ниту глас од Самоил Костадиновски, 26-годишниот внук на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Конечно во јавноста се огласи семејството на момчето. Тие се сомневаат дека тој е киднапиран. Неговата сопруга застана пред камерата на „Канал 5“ и со силни емоции посведочи за немилиот […]