fbpx

Нови потресни детали: Се огласи сопругата на исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

Веќе десет дена нема ниту трага, ниту глас од Самоил Костадиновски, 26-годишниот внук на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Конечно во јавноста се огласи семејството на момчето. Тие се сомневаат дека тој е киднапиран.

Неговата сопруга застана пред камерата на „Канал 5“ и со силни емоции посведочи за немилиот настан.

Низ солзи вели дека се моли да го пронајдат жив и дека живее во страв како ќе ги расте децата без татко. Таа е бремена, а со Самоил веќе имаат и тригодишно дете.

„Ме загрижува неажурноста на надлежните да се пронајде мојот сопруг“, вели сопругата на Самоил која нагласува дека не знаела за никакви проблеми на нејзиниот животен сопатник и апелира доколку некој има било каква информација за него директно да ѝ се обрати.

„Се молиме само да е жив“, низ солзи порачува таа.

Раскажува дека ниту пиел, ниту користел дрога. Бил спортист кој освојувал награди. За причината за киднапирањето немаат информација, но таткото на Самоил изјави сомнеж дека во прашање се пари.

ПРОЧИТАЈ И ОВА: Последните зборови на Самоил пред да исчезне

Полицијата веќе уапси две лица кои се осомничени дека извршиле дејствија на кривично дело-Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените се на возраст од 25 и 30 години.

Следни Објави

Огромна тага! Почина ѕвездата од „Есмералда“, актерката се обрати со потресни зборови (ФОТО)

Почина мексиканскиот актер Игнасио Лопез Тарсо. Беше ветеран на златното доба на мексиканската кинематографија, а на локалните гледачи им е најпознат од теленовелата „Есмералда“ во која го играше саканиот Мелесио. Актерката Летиција Калдерон, која ја глумеше Есмералда, се прости од него на својот Инстаграм профил. „Небото доби голема ѕвезда. Изгубивме […]