fbpx

Стана баба на 30 години, па си ја отвори душата за ќерка си: Цела држава зборува за нив, ова е рекорд

Кели Хејли од Велика Британија имала само 30 години кога нејзината ќерка тинејџерка Скај Салтер на 14 години го родила синот Бејли. Тој денес има четири години, па Кели стана најмладата баба во земјата.

Скај живеела со нејзината маќеа и татка си во Кренфорд, западен Лондон, кога направила тест за бременост и открила дека ќе стане мајка во 2018 година. Брзо била испратена во болница каде ѝ бил направен ултразвук, а лекарите откриле дека веќе е бремена 36 недели и четири дена.

Тинејџерката била сексуално активна, па го направила тестот како мерка на претпазливост. Скај била шокирана од веста, но ѝ било соопштено дека абортусот не е опција бидејќи предоцна дознала за бременоста.

„Имав некое претчувство дека можеби сум бремена и затоа го направив тестот. Таткото е на моја возраст. Не можев да поверувам. Се отвори можност да станам мајка, а само неколку недели претходно тренирав и се качував по ридовите. Се разбира, тоа што доцна дознав дека сум бремена, значеше дека абортусот не е опција“, раскажува Скај која денес има 17 години.

Кога направила ултразвук го видела отчукувањето на срцето на своето бебе и оттогаш знаела дека мора да го задржи.

„Нaеднаш ми се исполни срцето со љубов. Од тој момент знаев дека секогаш ќе бидам на второ место, а мојот мал син на почесното“, вели оваа млада мајка.

Кога дознала дека Скај е бремена, мајка ѝ Хејли ѝ ја понудила сета љубов и поддршка затоа што, како што вели, така требало да биде. Оваа мајка на пет деца признала дека никогаш не очекувала толку рано да стане баба.

„Никогаш не очекував дека ќе дознаам дека ќе станам дадилка додека се’ уште сум во триесеттите, но немаше смисла да ѝ викам на Скај за контрацепција и безбеден секс. Се случи тоа што се случи. Сè што можев да направам е да ѝ понудам љубов и поддршка“, завршува Кели.

Следни Објави

Проговори мајката на починатиот средношколец: Потресно сведочење за Јован

„Институциите“ сигурно ќе го затворат случајот како самоубиство, затоа што така е најлесно Шокантно тврдење на универзитетската професорка Виолета Ачкоска вчера ја вознемири македонската јавност, откако таа на својот фејсбук-профил објави дека гимназијалец починал под сомнителни околности. „Дали некој знае дека денес се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во […]