fbpx

Неочекуван пресврт: Нови детали за смртта на средношколецот Јован

Граѓаните бурно реагираат на социјалните мрежи по смртта на средношколец од Скопје кој починал пред три дена.

Со шокантно тврдење прво ја вознемири македонската јавност универзитетската професорка Виолета Ачкоска која објави дека гимназијалец починал под сомнителни околности.

Таа во меѓувреме го избриша статусот под кој се огласи и Сузана Тренчевска која се претстави дека е мајка на починатото дете.

За објавата на професорката која тврдеше дека починатиот бил отруен од дрога ставена во пијалок во кафуле, како и за реакцијата на неговата мајка повеќе прочитајте ОВДЕ!

Сега конечно се огласија и од Министерството за внатрешни работи. Велат дека обдукцијата на телото на момчето покажува дека причина за неговата смрт е пад од височина.

„На 12.03.2023, во СВР Скопје е пријавено дека на плочник пред зграда на подрачјето на Центар е пронајден починат Ј. Т. (18). Извршен е увид од страна на полициски службеници и по насока на јавен обвинител телото е дадено на обдукција, при што е утврдено дека починал поради повреди настанати од пад од висина“, соопштија од МВР.

Следни Објави

Најзгодната пејачка на овие простори заврши трагично: Врската со Филип ја чинеше живот

Болно сеќавање на трагедијата Популарната српска пејачка Ксенија Пајчин пред точно тринаесет години трагично го загуби животот. Беше неостварен сон на многу мажи, но и идол на тинејџерките кои се занимаваа со танц и мечтаеа да станат пејачки, затоа што своевремено имаше и училиште за модерен балет. На 16 март […]